Ѓувеч од грав
Потребно е: 400 г. грав, 2 главички лук, чешне лук, сол, црн пипер, магдонос, 3 домати, 250 г. мелено говедско, 1 јајце, брашно, колбаси.
Гравот, навечер полиен со студена вода наутро се цеди и се вари. Од месото, јајцата и малку сол се обликува ќофте и се валка во брашно, па се пржи на масло. Исчистениот и измиен лук се сецка и се пржи на масло а потоа се додава во веќе омекнатиот грав. Се посолува и се зачинува со црн пипер. Кобасиците малку се обаруваат и тенко се сецкаат. Во подлабока земјена чиниа се става половина грав, на него се редат топчињата од месо, а меѓу нив тркалца кобасици. Се покриваат со слој од маснотија, во која е замешан 1 исецкан домат. Одозгора се става преостанатиот грав и парчиња домат исечен на тркалца. Јадењето се залева со малку масло и се запекува во рерна.