Два месеци по свршувачката се венчаа Џастин Бибер и Хајли Болдвин.
„Тие сакаа анонимна венчавка и не слушаа никого, но наскоро ќе имаат церемонија и одлична забава за семејството и блиските пријатели”, открил непознат извор за Daily Mail.
На завчерашната церемонија немало гости. Наводно, луксузната забава ќе се одржи следната недела во родната Канада на Бибер, поточно во Онтарио, каде пејачот има вила вредна 5 милиони долари. Иако младенците на почетокот планирале свадба за 2019 година, според изјавите од добро упатен извор, тие „го слушале срцето”.
Наводно посебно емотивен бил Џастин кој пред свадбата, рекол: „едвај чекам да ја оженам.”
Парот се сврши на почетокот на јули, за време на романтично патување на Бахамите.
„Моето срце е целосно твое. Се обврзувам дека ќе го поминам својот живот целосно посветувајќи ти се, секогаш ќе те сакам. Ветувам дека нашето семејство ќе го водам чесно, дозволувајќи Исус и Светиот Дух да не водат низ се што ќе правиме и низ секоја одлука која ќе ја донесеме. Секогаш ќе ми бидеш на прво место. Ти си љубовта на мојот живот, не сакам да бидам со никој друг освен со тебе. Заради тебе сум подобар човек. Едвај чекам да почне мојот најдобар период од животот. Со тебе се има смисла “, напиша тогаш Џастин на Инстаграм.
„Не сум сигурна со што ја заслужив оваа голема среќа, но толку сум му благодарна на Бога, бидејќи ми подари неверојатна личност со која ќе го делам животот. Не постојат зборови да ја изразам мојата благодарност”, напиша таа набрзо после него.
„Ви благодариме што успеавте се да зачувате во тајност”, им рекол Џастин на службениците кога си заминале од венчавката.