Денес не се прават филмови за да се создадат ѕвезди, туку прават филмови заради пари, вели француската актерска легенда Ален Делов во големо интервју за весникот „Монд“.
-Киното не тоа што беше. Се се смени, ѕвездите се сменија. Кога ја почнував кариерата бевме петмина актери, меѓу кои јас најмалиот. Денес кој пишува за ѕвездите? Пишуваат сценарија за пари, за тема, вели 83 годишниот актер.
За неговите 60 години кариера тој вели дека не жали за ништо, освен за едно- да снима филм каде жена ќе биде режисер.
-Пред да умрам сакам да го направам тоа. Еве со Лиза Азуелос или Мајвен, додава тој.
Тој вели дека меѓу него и Белмондо има голема разлика.
-Белмондо го учеше актерството низ годините и играше комедии, додека јас сум актер а актерот живее. Моите улоги не сум ги играл, туку сум ги живеел, секогаш, вели тој.
Тој признава дека жените го натерале да стане актер. Благодарение на нив запливал во ова професија.
-Жените ме сакаат. Ми даваат се. Жените кои беа вљубени во мене. Тие се минимум 6-7 години постари од мене. Во очите на тие жени сакав да видам дека сум нај убавиот, нај високиот, нај силниот и затоа станав актер, вели Делон.
Во интервјуто тој сподели и за сексуалното малтретирање во шоу бизнисот.
-Како млад бев жртва на сексуално малтретирање. Имаше неколку жени кои ми се нафрлија. Ама тоа ме правеше среќен, нормално не викнав полиција, додаде тој.