Поранешниот пејач на „Бијело дугме’’, Ален Исламовиќ беше меѓу првите музички ѕвезди кои го потврдија своето учество на 25 –тиот јубилеен инернационален музички фестивал “Охрид фест- Охридски трубадури. За настапот на овој пејач со необичен вокал владее голем интерес.. Неговото појавување, своевремено, кон крајот на 70-тите во „Дивље јагоде” беше вистински бум, а како пејач на “Бијело дугме” (1986-1989) беше дел од последната сезона на популарната сараевска група. -Познанството со директорот на фестивалот Григор Копров и неговата покана беа решавачки да дојдам. Ќе се претставам со една песна од мојот солистички албум „Алкатраз“. Песната се вика „Таму далеку“. Автор на музиката и текстот сум јас. Желба ми е на македонската публика да и понудам нешто поинакво и во поп стил. За да се занимаваш со оваа работа треба да бидеш полн со љубов, енергија, и да го сакаш тоа што го работиш. Да ја сакаш публиката, да бидеш чесен кон неа. Всушност јас сум среќен што се занимавам со оваа работа. Во последно време имам доста свои солистички концерти во регионов, од Македонија до Словенија па денес се сметам за интернационален музичар.Се надевам дека на фестивалот ќе има добра забава..Навистина сум среќен и задоволен што доаѓам на ваков брендиран фестивал, вели Ален.
Ален е оженет за Маријана, татко на успешните Уна и Лара, дедо на Дин. Некогаш младиот рокер со гордост го изнесува фактот дека не западнал во канџите на пороците, и покрај сите естрадни бури и популарност, останал нормален одржувајќи го бракот до денес. Неговата кариера ја обележаа песните како „Мотори”, „Чирибирибела”, „Хајдемо у планине”, „Ѓурѓевдан”…