Антиејџ козметика, вашиот сојузник низ животот
Растењето, созревањето, стареењето, сите промени во ранзи животни фази се гледаат и на нашето лице. Наречете го како сакате, но евидентно е стареењето кај секој од нас. Нашиот организам природно ја произведува супстанцата наречена коензим Q10, што ја игра главната улога во задржувањето на цврстината, еластичноста, здравјето и беспрекорниот изглед на кожата. Со годините нивото на коензимот Q10 во организмот се намалува, што доведува до стареење на кожата и до појава на брчки. Токму коензим Q10 е тајната состојка на кремите за брчки, популарно наречени антиејџ- козметиката.
Исклучително важно е борбата против стареењето на кожата да започне пред да се појават видливите знаци на старост.
„Не чекајте да се појават брчки и пигментни дамки, за да почнете да користите антиејџ- козметика. Содржината на коензимот Q10 има не само регенерирачка туку и превентивна функција – да ја зголемува природната заштита на кожата, да успори и за исвесно време да спречи да се појаваат брчките“, вели Вероника Чадловска од козметичкото студио „Афродита“.
Полесно е да се одбере козметика за 25-годишна возраст, бидејќи целта и е да ја хидрира кожата и да го стимулира нивото на колаген. На 30 години антиејџ- козметиката длабоко продира во сите слоеви на кожата, обезбедувајќи ја нејзината сила, заштита и поефикасно опоравување од несовршености. А антиејџ- козметиката по 40-тата е како посебна формула чии енергетски состојки се коензим Q10, L- карнитин и креатин кои обезбедуваат здрав и убав изглед на кожата .
Како да ја негуваме кожата за време на менопаузата? Хормоналните промени за време на менопаузата се одразуваат врз кожата и нејзините карактеристики. Во овој период од особена важност е грижата за кожа и таа не смее да се потцени.
Вероника Чадловска: За време на менопаузата можна е ненадејна промена и во типот на кожата, и таа од мрсна да стане сува
Како што вели Чадловска, биолошките промени со кои се соочува секоја жена за време на климактериумот, се многубројни и без сомнение се одразуваат на кожата. Со прекинувањето на функцијата на јајчниците, кожата станува сува и опуштена, и постепено го губи сјајот и еластичноста.
Стареење на кожата, поради дефицитот на естроген, не се случува исто кај сите жени. Кај некои жени, животната средина со сите негативни фактори го засилува своето влијание и ги влошува веќе постоечките кожни проблеми или диспозиции. Другите дами, очигледните знаци на стареење ги имаат преку изразени преку истакнати кесички и загуба на мазноста на лицето, додека кај третите се забележува т.н. фотостареење на кожата, за што се карактеристични деколоризација и дамки по одредени зони на лицето.
За време на менопаузата можна е ненадејна промена и во типот на кожата, и таа од мрсна да стане сува. Ова се должи на намалувањето на количеството на себум, што го произведуваат лојните жлезди, произведен по површината на кожата. Поради тоа кожата се суши, пука, станува кревка, се појавуваат видливи капилари, бидејќи епидермот се повеќе се тенчи.
Најважно е секогаш чистењето на кожата, а приозводите што ги користите во таа немена не смеат да бидат агресивни – бидејќи би довеле до иритација, и до губење на липиди. Класичните алкални сапуни се контраиндицирани за користење за време на менопаузата. Избегнувајте тоници за лице, врз база на алкохол, и маски кои ја сушат кожата.
„Важно е да се одберат производи кои нежно ја чистат кожата, забележува Чадловска- сеедно дали е тоа млеко или масло, кои сувата кожа може да ги користи и без потоа да се плакне.“
Растителните масла кои содржат „омега 6“ и „гама оризанол“, ја заштитуваат кожата од опуштање и се борат да ја вратат цврстината на ткивата. Исто така присуството на витамин Ц, ја заштитува кожата од пукањето на капилари.
Инаку, крем против стареење треба да исполни барем три конкретни задачи:да го задржи интегритетот на кожата, да ги заштити и исправи можните состојби на дехидрација; да содржи активни состојки со мулти помошни активности . Една од најефикасните состојки што се бори со стареењето и промените во кожата, се масните киселини – супстанции кои ги градат клеточните мембрани, кои за време на менопаузата се намалуваат.(В.Т.)
Фото- Pexsels, The Cut