Дали 16 август е кобен за големите музичари? Целиот свет денеска жали по кралицата на соулот, Арета Франклин. Најдобриот женски вокал, како што меѓу друго ја нарекуваа Арета, почина на 76 години.
На ист ден, на 16 август ама во 1977 година, почина и легендарниот Елвис Присли. Тој беше пронајден мртов во бањата- беше објавено дека починал од срцев удар, но вистинската причина беше претераното количество на дрога. Елвис починал на 42 години.
И Арета и Елвис се музички гиганти, луѓе со белег и идентитет, па затоа уште помистично доаѓа заминувањето од овоземскиот свет, на ист ден.
Фото: tmz.com