Смртта на татко ми сите не затече, изјавил Давор Драгоевиќ, еден од близнаците на починатата легенда ОливерДрагоевиќ.
-Последните 20 дена татко ми беше во болница. Само спиеше. Неговиот организам се бореше со болеста, но не успеа да се избори. Замина во сон, изјавил Давор за jutarnji.hr.
По желба на Оливер, како што вели син му, погребот ќе биде на островот Корчула.
-Во вторник попладне татко ми за последен пат ќе отплови за Корчула, рекол тој, додавајќи дека погребот ќе биде в среда во 18 часот во Вела Лука, каде е прогласена седумдневна жалост.