Фолк пејачката Даниела Темелковска по четврти пат летуваше во Доминиканска Република. Таа и нејзината сестра Емилија, се вљубени во Доминикана и како, што велат, тоа ќе им стане традиција. Згодните сестри и годинава имаат само пофални зборови.
-Мислам дека Доминикана нема никогаш да ми досади. Преубави песочни плажи со тиркизна вода во недоглед. Опуштено до максимум, коктели и добри забави. А за домаќините немам збор. Во кој било дел од денот да ги сретнеш тие се насмеани и пријателски расположени. Постојано се смеат. Мислам дека таму луѓето се смеат и додека спијат. Четири години по ред одиме во различни хотели и секаде е исто, вели Даниела. (В.М.)
Даниела со сестра и Ема