Откако кон крајот на јули, поради предозирање помина извесно време на клиниката за одвикнување, Деми Ловато (25), вели, дека го остава минатото зад себе и оди понатаму. Пејачката ја продава својата куќа во Холивуд, пишува магазинот People. Куќата ја купи во септември 2016 година за 8,3 милиони долари, а сегашната цена изнесува 9,5 милиони долари.
“Деми одлучи дека е време да се одсели од куќата и да најде ново место што ќе го смета за дом”, рекол пријател на пејачката.
Куќата има 516 квадратни метри, има шест купатила и четири спални. Се наоѓа на крајот од тивка и мирна улица, и гледа кон Лос Анџелес и Тихиот Океан. Има голем базен и тераса, а Деми го остава сето ова за да најде нов, тивок дом каде што може да се релаксира и да се опорави.
Фото: Инстаграм
Таа целосно е посветен на оздравувањето од зависноста и да биде подобро – изјавил нејзин пријател, додека Деми беше на одвикнување. Ловато имаше закажани концерти низ Јужна Америка и Мексико, но ги откажа. Нејзиниот менаџерски тим сака да и помогне за да ја подобри здравствена состојба. Нивната цел е да се отстранат сите пријатели на Деми кои користат разни опијати, а во тоа ја вовлекуваат и Деми, пренесува TMZ