Рита Ора и Дуа Липа оделе во исто училиште, имаат заеднички познати пријатели, нивните семејства се познаваат од Косово, но меѓу нив двете нема љубов туку војна. Добро упатени за The Sun велат дека пејачките се во тајна војна а Дуа на Рита и ја земала позицијата на заштитно лице на „Адидас“. Весникот пишува дека војната наводно започнала кога Дуа се обидувала да се пробие во музичката индустрија а дека Елена, сестра и на Рита, која се занимава со менаџирање, ја игнорирала бидејќи и било страв да не и ја земе круната на Рита.
Кога неодамна ја прашале Дуа за односите со Рита таа дипломатски одговорила: „Нашите родители, како се познаваат, а и јас, како да ја познавам нејзината сестра“.
-Е затоа никогаш нема да ги видите заедно. Се почна бидејќи сестра и на Рита ја игнорираше Дуа. Дуа мисли дека тоа го направила за да не и биде конкуренција на сестра и од тогаш се немаат помирено, изјавил извор за The Sun.
Дуа (23) е родена во Лондон, па на девет години се преселила во Приштина, но шест години подоцна со семејството повторно се вратила во Лондон. Четири години постарата Рита е родена во Приштина, но кога имала една година со семејството се преселиле во Лондон. И двете девојки се родени во уметнички семејства. Прадедо и на Рита беше еден од најпознатите екс Ју режисери. Татко и на Дуа, пак, рок ѕвезда, додека дедо и историчар.
Двете живееле во западниот дел на Лондон. Наводно, нивното ривалство почнало многу поодамна, но во последните години се продлабочило бидејќи и двете се борат за врвот на поп-топ листата. Рита на сцената е четири години подолго. Денес е тешка 12 милиони фунти, додека Дуа има четири пати помалку. Рита Ора има 13,8 милиона следбеници, додека Дуа Липа има 18,4 милиони следбеници. На прославата на 10 годишнината од независноста на Косово, двете се држеле подалеку една од друга. Иако се движат во исти кругови Дуа и Рита никогаш не се видени заедно, не зборуваат една за друга и не се следат на социјалните мрежи.