Еве што му прави пешачењето на вашето тело
Пешачењето претставува аеробен спорт. Мускулите не се присилени да работат со недостиг на кислород, односно циркулација на крвта, срцето не е под стрес. Освен тоа, со половина час пешачење се согоруваат повеќе од 200 калории.
Од пешачењето најмногу корист имаат мускулните листови, бедрата, стомакот, предниот мускул на потколеницата, а кај жените тие мускули со текот на времето го губат тонусот. За да ја активирате целата мускулатура, треба да се движите на вистински начин: рамењата мораат да бидат рамни, мускулите на стомакот и задникот стегнати. Стопалото треба да го допира тлото со кружно движење: најпрво се потпира петата а потоа и врвот на стопалата, истовремено стегајќи го листот. Чекорот мора да биде брз и долг, а дишањето длабоко и правилно.
Ја активира циркулацијата
Пешачењето делува како еден вид на пумпа за крвните жили, кои го потикнуваат враќањето на крвта од нозете кон срцето. Секогаш кога ќе го подигнеме стопалото, густата мрежа на крвните жили на табанот се полни со крв, па кога ќе се потпреме на земјата, под силата на телесната тежина, тие се празнат терајќи ја крвта нагоре. На тој начин се избегнува собирањето на крвта во вените, се регулира притисокот, а крвните жили дури и оние срцевите, стануваат еластични.
Ги јакне коските
При пешачењето, бедрената, потколеничната и лисната коска го чувствуваат притисокот на телото, што позитивно делува на клетките. Тогаш тие го праќаат вишокот на калциумот во коските и со тоа ги јакнат.
Го спречува дијабетисот
Пешачењето ја намалува опасноста од појава на дијабетес кај лицата кои се склони кон таа болест, бидејќи мускулите ги користат прекумерните шеќери. Со пешачење дијабетичарите помагаат инсулинот да ја држи под контрола гликемијата, односот на гликозата во крвта да е во границите на нормалата.
Создава добро расположение
И расположението се менува со пешањчењето. На постојана телесна активност мозокот одговара на произведувањето на бета ендорфин, кој го намалува чувството на замор и создава задоволство.
Освен тоа, се зголемува производството на серотонин, силен антидепресив кој го држи под контрола стресот. Дишењето станува правилно и во мирување, па го ублажува чувството на тешкотија. Накратко, пешачењето ни овозможува да постигнеме склад помеѓу телото и духот. Сексот се подобрува бидејќи се зголемува производството на тестостерон, машки хормон кој ја потикнува сексуалната желба, а добрата телесна форма ја зголемува желбата за интимност
фото – pexsels