Овогодинешното 22. издание на Интернационалниот фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ се случуваше во Крушево и во Скопје, а чествување за незаборав на Тоше беше главниот дел на програмата.
Традиционално, водител на фестивалот беше Катерина Стојановска – Десковска, наградата за животно дело и припадна на Добрила Ивановска – Чабрич, а гран- прито на „Еврофест“ го доби Ѓоко Ѓорчев кој ја изведе композицијата „Те сакам“ на Сашо Ѓоргиев, Огнен Неделковски и Филип Стефановски.
На фестивалот награди добија и Ристо Краповски, кој је интерпретираше „Ѕвезден Балкан силно заплака“, Серафина Фантаузо за песната „Фиданки“ и Мери Тодорова/ Младеновска која ја изведе „Те нема веќе“.
Наградени лауреати на европските фестивали се Јулија Арнаут, Александра Војтик, Олесја Барладеан, Бенјамин Хасаниќ, Клодијана Вата и Дона Михајлова.