Елена Петреска од Прилеп е прогласена за Мис за Европа, додека скопјанката Симона Станковска е петта придружничка на изборот за Ворлд некст топ модел, што се одржа во Бејрут.
Изборот се одржа во големото студио на МТВ Лебанон во Бејрут, на кое учествуваа 35 девојки од целиот свет. Победничка е претставничката на Русија. Нашите убавици како награди добија договори за работа како модели во Либан и усте неколку други дрзави.
Симона и Елена се членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели.