Ели Танасковска: Мојата здрава диета
„И покрај мојата физичка активност, склона сум на експресно враќање на килограмите. Си го научив моето тело, знам што ми одговара, што не. Бидејќи скоро и да не јадам месо, си направив моја диета, која совршно ми одговара.
Првиот ден сум само на портокали или јаболки.
Вториот ден е резервиран за овесна каша со вода, 1 лажичка лен и чиа семе. Го оставам да поврие 30 сек, и тоа е појадок.
За ручек јадам 2 варени јајца и зелена салата а за вечера едно јајце и салата.
Третиот е ист како и вториот.
Четвртиот ден е резервиран за овесна каша за појадок, печена риба и зелена салата за ручек а за
вечера- кисело млеко.
Петтиот ден е ист.
За викенд појадокот е ист, за ручек консумирам салата од киноа, авокадо, краставица и домат.
За вечера јадам зелена салата, домат и краставица.
Тука во Канада сето ова го има во изобилие и е многу ефтино. Брзо се приготвува и се намалуваат од 2 до 4 кг. И течностите не ги занемарувам- пијам 3 литри вода и вежбам во теретана 1 час.
Навечер пешачам..
Се враќам во Македонија со помалку килограми, благодарение на овој режим!“