Ели Танасковска: Се подмладив и ја вратив самодовербата

Ели Танасковска е заштитно лице на МРТВ, жена со стил, особеност и онаа романтична нишка, што нејзините прилози и најави ги прави автентични. Ја знаеме со години од малите екрани, но промената што и се случи, не само што заслужува комплименти туку и објаснување како се подмлади декларираната блондинка? Во ова интервју, на свој деликатен начин, Ели ја открива тајната.
Не знам што вели астрологијата, но евидентни се промените кај тебе: стана заштитно лице на Promo Italia, ја истрижа косата, поубава си од било кога. Ама бидејќи Ели не е „црно – бела“ и еднонасочна, претпоставувам дека сето ова тргна од нешто внатре?


„Поминував еден тежок период од мојот живот- постарата ќерка Симона се пресели во Канада, а шест месеци потоа го изгубив татко ми. Двајца мои најдобри пријатели, мои сродни души , поддржувачи, мотиватори, насмевки на мојата душа, за кратко време ме оставија на другиот крај од светот! Во меѓувреме се уверив дека Симона има прекрасен живот со сопругот, гради успешна кариера, ама проклето ми недостасуваше, исто како што ми недостасуваа разговорите и советите на мојот татко, мојата планина, патека и подметнато рамо за поддршка. И се што правев дотогаш, запре! Одев на пилатес, пливав, пешачев, ама се запре! Чекајќи го сопругот и повикот од Симона, се тешев со чоколади со бадеми, лешници , карамела… Добив 10 кг плус, ама не ми беше важно. Се додека во студиото не се појави мојата драга Ивана Кнез, со 20 кг помалку. Нова, свежа, згодна , полетна. Таа ми беше прв мотиватор. Коцките почнаа да се редат. Во студиото дојде и Мелина од „Силуете“, една од најуспешните жени менаџерки и мајка на 5 деца. Изгледаше како тинејџерка. Само 5 минути разговор со Мели, и мојот живот се смени. Ме погледна и ми рече „ Зарем не ти е жал овие заробени мускули да ги криеш со широки блузи?! Падна опклада, дали за 1 месец може да симнам 10 кг? Заминав на фризер кај мојата Вики и реков „крати скроз! “Воопшто не се секирав, ги гледав прамените собрани во голем опаш и си реков…„Ке порасне, бргу ми расте косата!“


Во исто време дојде поканата од Промо Италија. Не размислував ниту еден миг. Веднаш заминав кај Олгица и нејзиниот тим, ме примија како да сме се знаеле цел живот. Влегувате во едно семејство на насмевки, убави лица, позитивна енергија. Никогаш не сум била против дискретни разубавувања и бришења на мачни линии, додавање сјај на лицето. Им верував целосно! Гледав задоволни жени во 6-та , па и 7-ма деценија кои си ја продолжуваат убавината, сакаат промени, сакаат да изгледаат убаво! Не сум жена која вели – сакам природно да си стареам. Ако е така , зошто жените се бојадисуваат, депилираат, зошто ги чупаат веѓите? Сакам да ги охрабрам сите жени: со мала, ситна интервенција ќе си ја вратат насмевката и самодовербата. И тоа не чини повеке од оние жени кои пушат секој ден по една кутија цигари. Не пијам, не пушам, одам редовно на козметичар и мислам дека дури сега се засакав себеси!


На Самсон, Далила му ја истрижа косата на спиење, земајќи му ја силата. Каде е твојата сила: си поминувала разноразни премрежија на работа, но сепак си остана верна на матичната куќа, МРТ.
-Неверојатно, филмот за Самсон и Далила го гледав три дена пред да се решам за промените…И повторно ми се допадна метафората…Мојата матична куќа МРТВ е мојот дом од 7 години. Од радио драма, се до денес. Сум ги изодела чесно сите милиметри за да стасам до оваа километража. Сум имала врвни учители, академици од кои вешто сум земала, сум додавала, сум градела. Јас ја сакам мојата работа и од дете сум знаела дека ова е мојот сон. Инаку, јас сум човек кој се врзува за предмети, место , пријатели. Имав примамливи понуди, заминав на неколку дена, влегов во други води во односи со јавност, ама се вратив во телевизијата побрзо од ветер .Тука е мојата душа!
Моменталната преокупација во телевизијата ти е неделниот магазин каде ги третираш сите актуелности, со онаа твоја претпознатлива книжевно- романтична нота.
-Тоа е само дел од мојата замисла, се обидувам да најдам интересни гости. Нови, атрактивни не толку експлоатирани. Се обидувам да ги потенцирам семејните вредности, здравиот начин на живеење, љубовта како двигател на се! Публиката ме сака. Среќна сум кога одам по улици и кога ги прегрнувам гледачите, како да ми се семејство. Пишаниот збор е моја силна страна, така ги бојам прилозите и така виножитото ми се враќа како убава слика низ животов. Недоамна беше гостин професорот од Хрватска, Немчиќ . Ми пиша порака „ Што се случува во Македонија, од минута во минута , имам барање за пријателство, стотици и стотици?!“ Се насмеав . На МТВ одеше прилог за него…. Го најдоа моите мудри Македонци на фб , сакаат такви пријатели. Прочитав статус подоцна „Седам на највисоката точка од мојот град и мислам летам. Во овој момент Макдонците ме направија најсрекен човек. Фала Ели , фала МТВ “. Јас за вакви моменти живеам. Ова ме прави бскрајно среќна, поврзувам , судбини, континенти, среќни луѓе !


Точно ли е чувството што го доживуваат сите баби- одново и одново да се разгалуваат, разнежуваат…
-Посебна е оваа љубов, Изабела ми беше долго чекана. Кога се роди, ја мирисав ја држев до лицето. Мислам, можев да ја испијам, целиот стан мирисаше на бебе. Пишува, во постелката има супстанца која се шири низ бебето како опијат. Тоа е најубавиот мирис на целиот свет. Изабела е нашиот прозорец кон среќата, наше обединување, славење и дај Боже да се раѓаат дечиња кај сите. Нека мириса домот на бебе, оти децата навистина се најголемата радост. (В.Тодоровска)

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена