Ергени, вака не треба да запросувате
Ако во вас се разбуди желбата за брак, еве како не треба да ја запросите девојката. Ова е листа на најлошите начини на просење.
Ливчиња цвеќе на кревет
Таа влегува во станот, затемнето светло а во позадина се слуша тивка балада. Влегува во спалната и таму ја чекаат свеќи на подот и ливчиња цвеќе на креветот. Тој скока од некој агол, клекнува на колена и вели- сакаш ли да се омажиш за мене? Ако вашата девојка има повеќе од 25 години ова ќе и биде неинвентивно. Не правите сцени кои супер изгледаат само на филм, но во реалниот живот се смешни.
Прстен во торта
Свршувачките во ресторан се најчести. Ако прстенот го сокриете во чаша шампањско или торта, тогаш сте кандидат на нај неинвентивен.
На концерт
Запросете ја девојката на срцепарателни ноти само ако таа е екстровертна. Ако сте со девојка која сака приватност, сака да ја зачува интимата, ќе ве натера да се запрашате дали воопшто ја познавате. Запросувањето за неа е интимен момент а не претстава за јавност.
На нејзиниот роденден
Како и да звучи, не ја барајте на нејзиниот роденден, бидејќи така и го крадете нејзиниот специјален датум. Ако понатаму бидете дел од неславната статистика дека секој четврт пар се разведува, таа никогаш повеќе на роденденот нема да биде насмеана и весела, туку ќе има измешани чувства.
Ненадејно
И, кога ќе се венчаме? Ова е една од честите запросувања , која не се допаѓа на дамите. Дури и оние кои не сакаат романтика, овој момент сакаат да се почувствуваат посебно. А прашањето поставено меѓу гледање фудбал и миење садови, сигурно нема да направи да се почувствува како кралица.
Извор: cafe.ba