Завесите за туширање се опасни по здравјето
Секоја куќа има бања, кои може да се мали, големи, со када, туш кабина, со завеси… Но, најчеста опција е токму последната. Завесите за туширање висат во милиони станови, но често не знаат каква опасност кријат тие. Според истражувачите, завесите се во можност во воздух да испуштат повеќе од сто испарливи органски соединенија, кои можат да влијаат негативно врз функцијата на главните органи на човекот. Особено завесите, направени од поливинил хлорид, – може да предизвикаат иритација на дишните патишта, оштетување на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите, предизвикуваат гадење, главоболка и губење на координација – велат екологистите и лекари од Канада и САД.
Исто така особено внимание треба да се посвети на новите завеси за туш. Често многу од нас забележуваат силен мирис кога завесата ќе ја отпакуваат. Но малку луѓе придаваат големо значење на тоа. Мирисот, кој доаѓа од нова завеса за туш, покажува дека повеќе испарливи соединенија се испуштат во атмосферата, што може да се одрази негативно на човековото здравје и животната средина. Експертите препорачуваат наместо овие завеси, да се користат други методи како PVC.
“Хемикалиите кои се ослободуваат од завесите, може да предизвика сериозни здравствени проблеми, особено кај децата, бидејќи тие се почувствителни, посочува еден од водечките експерти Фримен Арон, претставник на организацијата” Заштита на животната средина “од Канада.
Извор и фото: zdrave .to