Зимница за гурмани

Закиселен карфиол
Потребно е: 1 главичка карфиол тешка 500 г.; 2 дл бел вински оцет; 2 дл суво бело вино; зачински растенија (мажоран, мајчина душичка, магдонос, целер и лавров лис), 1 чешне лук, каранфилче, белиот дел од праз, сол, црн пипер во зрно, масло.
Со парче газа обвиткајте ги зачините и добро заврзете ги, а со друго парче исто така, завиткајте го исечканиот праз со каранфилчето и исечканиот лук. Додадете оцет на двете врзопчиња и оставете да киснат 5 минути. Во меѓувреме, исчистете го карфиолот исечкајте го на мали цветови и бланширајте 10 минути. Извадете ги од оцетот двете врзопчиња од газа, додадете вино, сол и црн пипер во зрно. Кога ќе проврие, додајте го карфиолот и оставете да омекне, но никако не смее да се развари. Поделете го карфиолот и течноста во тегли, па полејте со толку масло за слојот да оневозможи допир на зимницата со воздухот. Теглите веднаш затворете ги.

Мирисливи модри патлиџани
Потребно е: 3 кг модри патлиџани, 1 снопче магдонос, оригано, 2 чешниња лук, 5 дл бел вински оцет, 5 дл вино, маслиново масло, сол, црн пипер во зрно.
Модрите патлиџани измијте ги, исечете ги на плочки, дебели по половина сантиметар, посолете и распоредете ги на хартиени салфети, за да се исцедат преку ноќ. Утредента ставете оцет и вино да вријат 2 минути. Исцедете ги патлиџаните, па дел по дел варете во провриениот оцет – секој по 2 минути. Нека се исцедат. Излупете го лукот и исечкајте го со зачините, додајте го црниот пипер. Залијте со масло.

Вргањ во масло
Потребно е: 1 кг ситен вргањ, 5 дл маслиново масло, 2 чешниња лук, 8 лажици бел вински оцет, 3 лаврови ливчиња, 1 непрскан лимон, 2 гранчиња мајчина душичка, 6 гранчиња магдонос, морска сол, свежо мелен црн пипер.
Исчистете во вргањот, тенко исечете го и накапете лимонов сок. Бланширајте две минути во солена вода. Ставете масло со оцет, кора од лимон, мајчина душичка, лавров лист, сол и црн пипер. Нека врие 5 минути. Излупете го лукот и исечкајте го ситно, а магдоносот покрупно. Печурките, лукот и магдоносот поделете го во тегли. Залејте со зовриена смеса од масло и додатоци. Затворете и завиткајте, за да се излади до крај. Пред употреба, нека одлежи неколку дена.

Засолен зеленчук
Потребно е: 1 кг морков, 1 кг кромид, 1 корен од целер, 700 г магдонос, 500 г домати, 5 чешниња лук, 1 снопче гранчиња од магдонос, 10 ливчиња жалфија, маслиново масло, 800 г ситна сол.
Измиениот зеленчук исчистете го и уште еднаш измијте го. Избришан и исушен, зеленчукот исечете го на коцки (освен доматите и лукот). Со миксер, сомелете ги зачинските тревки со сол и измешајте го во коцките од зеленчук. Поклопете и ставете ги да стојат во фрижидер 24 часа. Измешајте ги исечканите домати , нека одлежат во фрижидер уште 2 часа. Измешајте го иситнетиот лук, па повторно мешајте додека солта не се истопи до крај. Нека се цеди на цедалка половина час. Ставете го зеленчукот во провриени тегли и затворете ги.

Џем од круши
Потребно е ( за 5 тегли од 3,5 дл): 1кг круши, 60 г. шеќер, сок од половина лимон, 2,5 дл сок од боровинки, 1/4 лажица цимет, желтин, 50 г излупени бадеми.
Крушите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на коцки. Сварете го шеќерот со 1 дл вода, за да добиете многу густ сируп. Долијте сок, додајте ги крушите и циметот. Измешајте, додајте бадеми и варете.

Желе од црни рибизли
Потребно е: 1,5 кг црни рибизли, црно вино, 2 пакетчиња желатин, околу 2 кг шеќер во прав.
Извадете ги семчињата од измиените рибизли, па истиснете го сокот. Долијте толку вино за да добиете еден литар. Понатаму постапувајте според упатствата на обвивката на желтинот.

Сирење од дуњи
Потребно е: 2 кг дуњи, 3-4 јаболка, шеќер и 1-2 лимуна.
Големите дуњи исечете ги на половинка, а малите оставете ги цели.Истото направете го и со јаболката. Додадете им вода и варете ги се додека не почнат да се распаѓаат. Испасирајте ги и ставете шеќер и сок од лимон. Мешајте се додека смесата не почне да се одвојува од лажицата.Оставете да се суши неколку дена, а претходно ставете го во калап и посипете со целер.

Фото- My personal trainer, Еxecutive-magazine, Silhouettedonna

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!