Продукцијата „Зона М1“ е нова продукција, која неодамна го промовираше и првиот спот изработен под нивна закрила, но и просториите кои, кои не само што ќе биде место за промоции туку и за снимање телевизиски емисии.
-Првиот спот, кој го снимавме е на фолк пејачката Стојне Николова, снимен на неколку локации во Скопје и досега за него имаме само пофални зборови. А студиото е навистина мултифункционално. Има можност сите збиднувања да се пренесуваат како видео и аудио сигнал низ цел свет. Што досега не било. Може да се снимаат и филмови, емисии, реклами, спортски збиднувања, 3Д и многу други. Тимот е составен од професионални камермани, сценаристи и режисери. Се подготвуваме неколку години и навистина сме горди на тоа што го направивме, вели сопственикот Марјан Тасевски.