Зошто мажите се кријат во тоалет кога имаат проблем?
Сите се жалат дека немаат време за себе. Но, мажите си најдоа решение на овој проблем- се кријат во тоалет. Тие годишно поминуваат по седум часа во тоалет, само за да бидат во мир и тишина.
Истражувањата за оваа тема опфатиле 1.000 мажи а резултатите се дека таму се кријат од партнерката и од децата, а само таму можат да бидат на тивко и со телефонот. „Lad Biblea“ пишува дека таа бројка се однесува во период од една година и дека некои во тој период воопшто не го користат тоалетот или тушот, туку едноставно се заклучуваат за да никој не им смета.
-Секој од нас треба да има малку време за себе, а ние го користиме времето во тоалетот за да малку се одмориме или сосема да се исклучиме. Бањата ја сметаат за идеално место која можат да се исклучат од надворешниот свет, кажале мажите кои ги испитувале.
Главна причина за бегање во тоалет се партнерките а потоа се децата. 45 проценти од испитаните мажи кажало дека навистина им е тешко да си најдат малку време за себе, бидејки нивните партнерки не сфаќаат колку се зафатени и дека тоа многу им е потребно. 25 проценти од мажите признале дека одат во тоалет кога не можат да најдат решение за некој проблем, додека 23 проценти признале дека тоалетот е нивно сигурно место.
Извор: vecernji.hr