Каја Гербер, е сега го претера

За Каја Гербер (16), ќерката на топ- моделот Синди Крафорд (52), вратите на манекенството и биле ширум отворени, откако знае за себе. Да имаш славна мајка и плус, неверојатно да наликуваш на неа е вистински кец во ракавот во светот на модата.

Синди одсекогаш имала облини но за Каја најчесто се истакнуваlо како плени со својата виткост. Но, во последно време таа „виткост“ станува најблаго кажано- бизарна. Со последните фотографии од Малибу таа предизвика лавина од коментари, а обожавателите и порачуваат дека претерала со диета.
„Некогаш беше нормално витка а сега си болно слаба- и порачал еден фан а другите се надоврзуваат да касне нешто.
Навистина, глетката не е пријатна. Во белиот фустан со кој тргнала да пазарува Каја наликува на костур.
Да живееше тука, сега на сцена ќе настапеа бабите и тетките, со пити, сарми, пинџури и разнорани гурманлуци. Синди дефинитивно тоа нема да го прави, ама нејзините совети сигурно ќе ја вратат ќерка и во нормала.
Фото-DOBN, RMBI, Elle, People

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!