Која храна не се замрзнува?
Не се замрзнува секоја храна. Постојат продукти кои со замрзнувањето може да развијат бактерии, но и оние кои откако ќе ги размрзнете го губат вкусот. Во фрижидер за длабоко никогаш не ставајте неварени тестенини, ориз, патлиџан, компир, зелена салата, газирани пијалоци, пиво, бидејќи идеална температура за замрзнување е -18 степени. Повторно замрзнување на веќе одмрзната храна е опасно за здравјето бидејќи многу бргу се размножуваат бактерии. Таква храна може повторно да се замрзне само ако е сварена.
Храна која никако не смеете да ја замрзнувате се свежите јајца или сосови кои содржат јајца како што е мајонезот. Варените јајца, пак, откако ќе ги размрзнете стануваат како гума. Магденосот и босилекот се добри за јадењето, но кога ќе ги одмрзнете не е тој вкус.
Маргаринот може да биде замрзнат три месеци, млекото околу еден месец, лебот се замрзнува на три месеци, супата или разни други варива може да се замрзнат на подолго. Исто така и риба, пица, кобасици, морски плодови, плескавици… Обичен јогурт, обезмастено или обично сирење не се вкусни ако се замрзнат. Пржената храна исто така не се замрзнува.
Извор: tportal.hr/