Манекенката Криси Тајген (32) пред две години ја роди ќерката Луна Симоне (2), по што, вели таа, страдала од постпородилна депресија. Сопругата на пејачот Џон Леџенд (39), објасни дека таа „ја избегнала” оваа болест кога го родила синот Мајлс Теодор во мај оваа година.
„По нејзиното раѓање немав пост-породилна депресија, бидејќи ја јадев плацентата”, изјави Криси во интервјуто за „Недела утро” на CBS. Новинарката Рита Бравер била изненадена кога манекенката открила дека како ја излечила постпородилната депресија и изразила сомневање. Но, Криси ја убедила дека тоа е нормална работа во Лос Анџелес, каде што живеела.
– Навистина? Ова не е нормално за тебе? Јас живеам во Лос Анџелес, тоа е многу нормално нешто. Дурија ја пржат на скара. Може да пробате малку подоцна од мојата “, рече таа.
Криси објасни дека отворено зборувала за ин – витро оплодувањето на социјалната мрежа, бидејќи нејзините обожаватели ги сметала за пријатели.
– Мислам дека заслужуваат да знаат. Не знам, дали е ова толку чудно “, прашала Криси. Таа кажала дека периодов повеќе се грижи каква храна ќе јаде, отколку како ќе изгледа во костим за капење.
– Навистина сакам да бидам среќна и да ги јадам работите што ги сакам, но се обидувам да бидам здрава. Јас повеќе не се грижам дали ќе изгледам добро во костим за капење”, кажала таа.