Лазањи со туна, маслинки и пченка
Потребно е: едно пакување лазањи, 2 конзерви туна, 1 конзерва пченка, 1 кромид, дваесетина маслинки, лук, китка магдонос, копар, црн пипер, една лута пиперка или чили во прав, бешамел, 300 г гауда и маслиново масло.
На маслиново масло се пропржуваат кромидот, пиперката и доматот, а откако убаво ќе се издинствуваат, се додаваат лукот и магдоносот. Потоа се ставаат и другите состојки – сечкани маслинки, пченка, туна, се наросува со копар, црн пипер и сол. Бешамелот се прави со млеко и брашно – на масло се пропржува брашното и постепено се додава половина литар млеко додека смесата да згусне.
Процедурата натаму е позната – ред лазањи, па бешамел сос, смеса со туна и пченка и нарендана гауда. Врвот на лазањите се завршува со бешамелот и со ренданиот кашкавал. Лазањите се печат околу 45 минути на 200 степени.
Фото-Pillsbury.com