Македонско-бугарската музичка дружба наречена „Една љубов“ продолжува и годинава. Лани, кога беше родена идеата за ваква музичка љубов, во осум града во двете држави направија журки за паметење. Токму заради тоа, „Една љубов“ ќе продолѓи и годинава, но со многу поголем репертоар, кое ќе наликува на фестивал.
Турнејата „Една љубов 2018“ ќе почне од Скопје, со концертот кој ке се одржи на 16 јуни, потоа на во Софија на 30 јуни, па Банско на 21 јули, Варна на 28 јули, Струмица на 11 август, Кавадарци на 7 септември, Русе на осми септември и ќе заврши на пети октомври во Стара Загора. Програмата е различна за секој град. Во Скопје, како за старт на турнејата ќе настапат Марко Маринковиќ- Слаткаристика, „Некст тајм“, „Златно славејче“, „Љубојна“, „Фолтин“, Сашко Коцев, ансамблот „Блгаре“, Графа, Деси Добрева, „Некст тајм“ и Слаткаристика. Во Софија, пак, на 30 јуни ќе настапат: „Бон-Бон“, „Телефон 113“, „Некст тајм“, Слаткаристика, Апсурт и Васил Најденов. Во другите градови ќе настапат Оратница, Павел и Венци Венц, Криско, Тита, Апсурт, Влатко Стефановски, Стефан Влдобрев и други.Водител на фестивалската турнеја е Ники Станоев.
Автор
Сите Објави