Мексикански палачинки
Потребно е- 100 грама мелено месо, сол, црн пипер, лута алева пиперка, 2 лажици варен грав, 3 лажици пченка од конзерва, 1 лута пиперка, 1 домат, 50 грама сирење, кромид, масло и магдонос за декорација.
Кромидот се динста се додека не стане стаклест, се додава меленто месо, сол, црн пипер, алева пипер, грав, пченка. Се пропржува а потоа се става остатокот од филот и се пржи уште 10. минути. На крај се додава крупни ицечкан свеж кромид. Потоа готовите палачинки се полнат со филот, кои можете и да ги печете во огноотпорен сад.