Мел Гибсон (69), светски познатиот актер и режисер, кој некогаш важеше за кршач на женските срца, не личи на себе. Медиумите пренесуваат фотографии од него во кои едвај некој би го препознал, поради запуштениот изглед.
Фоторепортерите го снимале на аеродром во Сиднеј, каде пристигнал заради снимање на нов филм за Втората светска војна. Видно запуштен со бела брада и лежерно облечен и со очила за сонце, тој си поминал покрај репортерите не забележувајќи ги. Во него веќе нема ниеден детал кој потсетува на тоа дека Мел некогаш беше миленик на жените.
Тој е актер, кој се прослави по филмовите “Лудиот Макс”, “Смртоносно оружје”, “Храбро срце”, но и по тоа што има девет деца.
Извор: Profimedia / Автор: Profimedia