Морски раженчиња
Потребно е: 200 гр.шкампи, 200 гр. јастог, 200 гр. лигњи, 1 зелена пиперка, 1 главица кромид, маслиново масло, сол и црн пипер.
Кромид се сече на големи парчиња и се забодува на метално стапче за раженчиња. Потоа на секое стапче се забодува по едно парче јастог, шкампи, зелена пиперка и лигња.
Раженчето е готово а скарата ја попрскуваме со масло за јадење и го ставаме нареденото месо. Откако ќе се испече од едната страна, раженчето се превртува на друга и се полева со сок од половина лимон.