Неаполски палачинки
Потребно е: 1 јајце, 100 г брашно, 250 мл млеко, сол, масло за печење.
Фил: 2 домати, 200 грама моцарела, сол, црн пипер, оригано и 100 г кисела павлака.
Жолчката и млекото добро се мешаат, се додаваат брашното и малку сол, и потоа се матат и се оставаат да отстојат 1 час. На тестото му се додава цврст снег од белки и се печат 8 палачинки. Моцарелата и доматите се сечат на тенки тркала. На секоја палачинка се редат тркала домат и сирење, се става оригано и се виткаат во ролат. Така се редат во премачкан огноотпорен сад и се печат на 200 степени. Пред крај се поливаат со павлака и се служат со зелена салата.
фото- stvar ukusa