Ники Минаж и Луис Хамилтон се забавуваат во Дубаи, и двајцата на своите Инстаграм профили објавиле фотографии. Тие неодамна заедно се појавиле и на Њујорк фешн вик, кога и почнале гласините за нивната врска.
Овие претпоставки таа и подгреа и во гостувањето во едно телевизиско шоу каде кажала:
-Имам двајца, но постои и нов, со кој во последно време малку се одалечивме. Нов тип со кој се дружиме неколку недели, изјавила таа.
Се уште не е познато дали возачот на Формула1 е тој нов тип, но судејќи по фотографиите и по коментарите на милиони фанови, ова набрзо ќе се дознае.
Извор: index.hr