По одличната макфестовска „Остани“, дело на авторите Горјан Стојановски –музика, Елвир Мекиќ – текст, Иван Јованов и Андреј Иваноски – аранжман, Симона Попоска реши да ја изненади јавноста со уште еден новитет. Всушност, станува збор за кавер кој ја претставува во едно сосема поинакво издание. Симона реши да ја сними моќната балада „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ.
„Ова не ми е прв кавер, но токму оваа тема од Марија, која инаку многу ми се допаѓа и ми е една од омилените, е всушност прв хит од овие простори што решив да го отпеам. Песната во мене буди некоја посебна емоција и ете решив да ја донесам на мој начин. Се надевам дека на публиката ќе и се допаднам и во ова издание “, вели Симона, која од неодамна има нов соработник кој ќе ја придружува на настапите, во прашање е маестралниот Бока Конга.
„Паметна и луда“ е снимена во соработка со Драган Ристовски, кој се погрижи за аудиото, видеото и фотографијата и е само најава за следните проекти на Симона, која вели дека нема да запре тука. Наскоро, открива таа, ќе има уште интересни проекти, кавери, но и соработки во кои искрено верува.
Автор
Сите Објави