Не секој знае што е богатство. Уште повеќе, големо богатство. Но, тоа не важи за сопругата на Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата, според податоците на Forbes од 2018 година. За него знае цел свет, но сепак, кога ќе се спомене неговото име, се мисли на шефот и основачот на интернет компанијата Amazon.com, вселенската компанија Blue Origin и сопственик на издавачката куќа The Washington Post. Заработува 107 милијарди долари годишно. Но, која е неговата сопруга.
Мекензи Безос била срамежливо девојче кое читало многу книги, измислувала мали раскази и сон и било да стане писателка. За време на студиите на Универзитетот Принстон таа се си плаќала сама, миела садови и била келнерка. Кога го завршила школувањето својот сон, да стане писателка го ставила во втор план и почнала да работи во инвестициска компанија. Парите и биле на прво место, сакала да направи некој почетен капитал. Во оваа компанија таа се запознала со својот иден сопруг. Тој бил на функцијата потпретседател, а таа била аналитичар.
По скоро две години врска направиле свадба. Некое време двајцата живееле во евтин стан во Сиетл и продолжиле да работат на своите позиции. Размислувајќи за иднината таа го убедила мажот да почнат со сопствен бизнис и дури учествувала во создавањето на бизнис планот. Не само што го поддржала морално, туку исто така станала и негов прв вработен во новата, тогаш непозната компанија Амазон. Таа го работела сметководството. Неколку години подоцна, порталот стана еден од најпопуларните во светот, а Џеф Безос почнал да се појавува на листите на на јбогатите луѓе.
Во моментов сопружниците продолжуваат да го работат бизнисот заедно. Секако, целиот бизнис е на име на Џеф, но тоа не значи дека Мекензи нема вмешано прсти. Двајцата се соседи на Бил Гејтс и Барак Обама, а најголемата среќа им се трите родени синови и посвоената ќерка од Кина. Мекензи успева да го реализира и својот сон. Таа е автор на две книги, кои се бестселери во САД. Откако станала богата таа почнала да помага и на другите. Основала добротворнен фонд Bystander Revolution, кој се бори против малтретирањето во училиштата и до ден денес раководи со фондот.
Извор и фото: blitz.bg