Пивото на “Октоберфест” оваа година ќе биде поскапо, а лимонадата по евтина, соопштија организаторите на најпознатиот пивски фестивал во светот, кој за неполни две недели ќе почне во Минхен, Германија. Поскапувањето е за 3,57% во споредба со минатата година. Сега, цената на еден литар пиво ќе варира меѓу 10.80 и 11.50 евра.
Организаторите го правдаат поскапувањето со строгите мерки за безбедност и трошоците за кириите на шаторите, кое влијаело врз крајната цена на најбараниот пијалок. Оваа година е забрането внесување на ранци и торби кои собираат повеќе од три литри или со димензија поголема од 20 x 15 x 10 сантиметри.
Фестивалот ќе почне на 22 септември и ќе трае до 7-ми октомври. Пивото ќе се служи од 10 до 22 часот во работните денови а во сабота и недела ќе почне еден час порано.
Минатата година на најголемиот празник на пивото во светот учествуваа 6.2 милиони луѓе, што е за 800 000 повеќе од 2016 година. Тие испија 7,5 милиони литри пиво или со 1,4 милиони повеќе отколку една година порано.
Првиот “Октоберфест” се одржа во 1810 година по повод свадбата на баварскиот принц Лудвиг. Свадбата започнала на 12 октомври и траела до 17-ти. Неодамна, почетокот на фестивалот е префрлен кон крајот на септември, кога времето е потопло, но крајот е секогаш во октомври.
Пренесено од: dnevnik.bg