По кусо боледување, на 71 годишна возраст почина големото фудбалско име Благој Истатов. Тој целиот свој живот го посвети на спортот и афирмација на македонскиот фудбал со оглед на својата успешна голманска кариера и долг стаж како фудбалски работник.
Истатов почнува да брани во струмичка Беласица по што стана чувар на мрежата на прилепска Победа. Кариерата ја продолжува во белградски Партизан од каде заминува за холандски Утрехт. Во меѓувреме станува дел од фудбалската репрезентација на тогашна СФРЈ. По завршување на кариерата Благој станува тренер на струмичка Беласица а во последните години беше дел од управниот одбор на ФФМ. Постојано беше на реалција Струмица- Дојран каде го изгради спортско угостителскиот центар Истатов како база за подгововки на повеќе екипи.
,, Немам зборови со кои можам да ја опишам мојата тага, Си замина мојот ментор, учител, мојот втор татко. Замина најголемиот и најдобриот човек што го познавав во мојот живот,, напиша тренерот на женскиот фудбалски клуб „Истатов“ од Дојран Кирил Изов.
Погребот ќе биде утре на струмичките гробишта со почеток во 14 часот.