По долго боледување на 75 години, почина доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин. На сцената беше од 1950 година, а се пензионира во МОБ пред четири години. Познат е по улогите во балетските претстави „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда и други.
Тој беше балетски феномен, од типот на Маја Плисецкаја која играше сѐ до 70 години. Екрем беше голем пријател и советник на балетските танчари од сите генерации, не се штедеше да дели совети и пофалби. Често знаеше зад кулиси да викне ‘Браво’ и тоа да се слушне до публиката. Таков беше, со и љубовта кон балетот и колегите од МОБ.
Овој голем уметник е роден на 6 март 1943 година во Скопје. Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера. Во 2008 ја доби наградата Менада на „Танц фест Скопје“ за врвни достигнувања во областа на танцот.
Хусеин ќе биде погребан денеска попладне. Комеморацијата во МОБ ќе се одржи следната недела.