Правила за носење машки чорапи
Еден од најдобрите стручњаци за правила на облекувањето на работа Герхард Елферс беше изненаден од чорапите на ирскиот премиер, кога во официјална посета му дојде канадскиот колега Џастин Трудо. Тој на мажите им нуди четири правила како треба да носат чорапи.
Должина на чорапите
Чорапите не се носат туку така, за да на нозете им биде топло, туку се носат за да вашите нозе ги заштитите од љубопитни погледи. Чорапите мора да бидат доволно долги. Дури и кога седите не смеат да се видат голите нозе.
Боја на чорапите
Чорапите мора да имаат боја како вашите панталони, не како вашите чевли.
Едноставност
Ако ја задржите едноставноста нема да згрешите. Она што е дозволено се ленти, точки и кариран дезен. Ако мажот е смел може да носи чорапи во силни бои.
Дезен
Во последно време се помодерни се чорапи со необичен дезен. Со Мики Маус, со знамиња, со знакот на долар или оние кои мајката им ги подарила за Божик 1995 година. Не го правете тоа никогаш. Никогаш.
Извор: klix.ba