Филмската дива Милена Дравиќ ( 78) со својата харизма, талент и убавина во младоста многу мажи оставила без здив. Но, таа го подарила срцето само на троица, со кои била во брак. Првиот, познатиот режисер Пуриша Ѓоргевиќ, кој сега има 93 години и кој, како што изјавил, се уште не може да ја заборави.
-Човек не сме да се плаши ни кога ќе остане без пари, ни кога има милиони, ни кога ќе остане без љубов, ни кога има љубов. Љубовта е многу важна, особено тогаш кога таа љубов ќе не остави. Ден-денес на поминување често ја гледам жената која ме остави во 1980 година. Дали верувате дека од тогаш се уште не се опаметив. Но, од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, се уште единствено и најмногу ја сакам Милена Дравиќ, рекол за “Новости” Пуриша Ѓоргевиќ.
“Најголема љубов ми беше Милена Дравиќ. Таа љубов во 1960 година прерасна во брак. Во тоа време таа беше голема ѕвезда. Одевме од филм во филм. Но, кога забележав дека и пречам и дека по многу нешта не сум човек за неа – пријателски се разделивме”, раскажал Ѓоргевиќ за „Политика“.
По разводот со Пуриша Милена повторно се одлучила за брак и тоа со режисерот Војислав Кокан Ракоњац. Во брак со него била до неговата смрт во 1969 година, кога тој починал на 34 години. Сепак, трета и голема љубов на Милена и е Драган Николиќ. Со него ги помина најубавите години од животот.
Фото: Душко Марушиќ