Колекција предмети кои припаѓале на актерот Робин Вилијамс и неговата сопруга Марша се продадени на аукција во Њујорк за околу 6.1 милиони долари, а целиот приход ќе биде дониран во хуманитарни цели. Меѓу предметите е и Златниот глобус што го доби за улогата во филмот „Добро утро Виетнам“, како и мечот од ликот Петар Пан во филмот „Кук“. Златниот глобус е продаден за 27.500 долари, додека мечот за 4.500. На аукцијата се продаваа часовници, мебел и накит.
Со Марша беше во брак од 1989 до 2010 година и имаат три деца. Беше еден од неговите три брака. Робин Вилијамс изврши самоубиство во 2014 година.
Извор: N1