Пржени лигњи со татар-сос
Потребно е – 1кг лигњи, 150 г брашно, 1 лимон, 150 г мајонез, 150 кисела павлака, копар, кромид, мурудија и ѓумбир во прав.
Лигњите се чистат и сушат на салфета. Со нож се одвојува главата од телото на лигња, а потоа се сечат на тркалца кои се посипуваат со брашно. Се пржат во жешко масло, не им треба многу време да станат крцкави. Кога ќе ги извадите, капнете им неколку капки лимон, посолете. За татар-сос измешајте мајонез и павлака, исечкан копар, сечкан кромид, мирудија, ѓумбир и сол.
фото – kitchen Nostalgia