Рецепт за среќа
Среќните луѓе имаат умерено ниво на очекувања: тие го посакуваат она што можат да го постигнат, додека несреќните никогаш не можат да го имаат она што го сакаат. Исто така, среќните луѓе знаат како да ги избегнат разочарувањата и како да приредат пријатни изненадувања. „Тоа е затоа што се стремат кон реални цели и среќни се кога ќе ги постигнат“, објаснува проф. Хозе де Хесус Гарсија Вега од мексиканскиот Универзитет Монтереј.
„Трошиме многу време жалејќи се на она што ни се случува, но тоа е губење време и напор. За да бидете среќни, неопходно е да уживате во она што го имате“, вели Гарсија Вега.
Фото- Pexels