Секс гуру Сузе: Зошто долгите врски доживуваат криза во сексот?

Долгогодишните партнерски врски и брачните врски, често патат од проблемот на сексуална апстиненција или криза во интимниот живот меѓу партнерите. Во овие врски едниот или двајцата партнери најчесто “немаат време”.  Тие се премногу посветени и живеат динамично, имаат многу работа, службени патувања, бебе, семејни обврски… Проблемот е во тоа што многу двојки имаат приоритет на‘’сите други работи”, но не и на нивната врска.

фото:pexels

Ако нешто во сексуалниот живот или односот меѓу партнерите треба да работи, всушност треба да го оставите времето да работи на тоа. Потребно е доста долго време за вашиот сексуален живот да се влоши, па исто така може да помине подолго време за повторно да се изгради. Ако имате време за сите други случувања во вашиот живот, нема причина зошто истиот принцип да не го примените и во вашиот сексуален живот. Секогаш кога наоѓате време да останете доцна и да работите на некој проект, или времето поминато во теретана, сауна, козметичар… доколку ви е важно да го задржите квалитетот на вашиот сексуален живот, најдете време и ставете го да ви биде приоритет. Не се откажувајте од идејата за планирање на сексот, бидејќи искуството ви вели дека тоа треба да биде нешто што се случува спонтано, но кога живеете динамично, вие треба да го планирате, особено кога ќе почувствувате дека се исклучувате еден со друг.

Вашиот живот е исполнет со куп планови. Планирате кога да одите на фризер, стоматолог, состанок, кино, театар, кога да се сретнете со пријатели, па зошто да не планирате интимно време со вашиот партнер?!  За да најдете време, треба да донесете одлука и да вклучите еден час во вашиот распоред. Никогаш не заборавајте на важноста на допирите и на сензуалноста. Редовното разменување нежности, страсниот бакнеж, физичкиот контакт… се појдовни точки за вашето сексуално расположение да биде на ниво. Ако успевате да ја задржите вашата физичка наклонетост, многу е поедноставно и да ја сочувате вашата сексуална врска. Многу природно е годините поминати заедно да ви донесат монотонија, меѓутоа вашиот најголем сојузник романтиката треба да го разбуди вашиот дух и да ве направи поинвентивни.

Изненадувањето е непогрешлив избор – цвеќе, вечера, секси играчки … вие одлучувате што навистина треба да превземете за да ја освежите врската. Споредувањето на сексуалниот живот со другите луѓе може да доведе до чувство на несоодветност и незадоволство, затоа инспирација барајте единствено во вас. Клучната состојка за среќен сексуален живот е препознавањето и уживањето во уникатноста на вашата сексуална врска.

СУЗАНА МИЛИЌ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!