Секс гуру Сузе: Лубрикант за незаборавен оргазам

 Жените сакаат влажност за време на сексуалниот чин
За време на сексуалната возбуда меѓу партнерите, гениталиите природно се навлажнуваат и  се подготвени за сексуалниот чин со пенетрација. Многу жени сметаат дека подмачкувањето го прави односот поудобен бидејќи го намалува триењето и иритацијата. Сепак, понекогаш жените ја чувствуваат вагиналната сувост, а тоа доведува до болка и непријатност . Ова може да се случи кога нивото на естроген е намалено, за време на доење, менопауза и сл. или пак жените едноставно повеќе уживаат во сексот кога имаат поголема количина навлажнувач од тоа што природно им го обезбедува телото. Во овој случај се практикува употреба на лубрикант. За да одберете соодветен лубрикант потребно е да примените некој од советите за избор на лубрикант.


Лубриканти на водена база
Овие лубриканти се најпопуларните интимни гелови за секси реквизитите, вагинални навлажнувачи, лубрифицирани кондоми на водена база и сл. Нивната ‘’лоша страна’’ е тоа што имаат тенденција побрзо да се сушат и може да има потреба од повторување на постапката. Но, нивната добра страна е тоа што лесно се измиваат со млаз вода и не оставаат траги на гардеробата. Со овие лубриканти сигурни сте дека добивате природен нетоксичен препарат и сте направиле добро за вашето сексуално здравје.

Силиконски лубриканти
Силиконските навлажнувачи се препорачуваат за сексуални активности во вода, када, туш… после употреба задолжително е измивање со вода и сапун за интимна хигиена. Не треба да ги употребувате со секси реквизити изработени од желеа и силикон. Добрата страна на силиконските лубриканти е тоа што подолго траат бидејќи се мрсни, но потешко се измиваат и не можат да бидат универзален навлажнувач како лубрикантите на водена база.

Масажни масла
Овие производи најдобро е да ги употребувате за време на предигра бидејќи го загреваат телото, имаат пријатен мирис и многу брзо делуваат на вашите сетила кои се подготвуваат за оргазам. Позитивна страна е тоа што можете да ги користите и при орално задоволство, а негативна страна е тоа што треба да внимавате при изборот на кондом доколку ги користите како навлажнувачи. Масажните масла може да го оштетат кондомот од латекс и на тој начин да се изложите на несакана бременост или сексуално преносливи болести, затоа практикувајте да го употребувате за време на предигра и подгответе се за незаборавен оргазам.

Фото: архива Валијант

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!