Симона Угриновска е новиот директор на Македонскиот народен театар. Таа досега беше в.д директор а вчера е именувана од министерот за култура,Асаф Адеми. Симона во МНТ работи во 2010 година како продуцент. Во соопштението од МНТ меѓу другото се вели дека Угриновска седум месеци раководела како в.д директор, а во тој временски период реализирала повеќе настани, проекти, премиери, гостувања, патувања и изложби.
Угриновска дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Факултет за драмски уметности – отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 г. Како продуцент работела во МРТВ и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција. Од 2010 г. е продуцент во МНТ, и има работено на повеќе од 15 театарски претстави.
Автор
Сите Објави