На 14 и 15 септември на ул. „Македонија“ во Скопје, со почеток од 18:30часот па до полноќ, ќе се одржи „Статуафест – Другото лице на улицата“, меѓународен фестивал на уличните живи статуи и останатите. На фестивалот ќе има и музичка програма, диџеј сетови и многу изненадувања, кои допрва ќе бидат објавени.
-Ќе настапат артисти од повеке делови на Европа иако сакаме да се задржиме на македонската продукција, на сите ученици кои произлегле од „Театроск“. Ќе има и изненадување на публиката. Ќе се доживее едно европско Скопје, како што заслужува да изгледа, велат од Здружението на граѓани „Театрокс“, кои се организатори на настанот.
Увертира на „Статуафест“ е победата на Зигет, кој се одржа неодамна во Будимпешта, Унгарија.
-Кога ни соопштија дека сме победници се израдувавме. Со ова победа директно се пласиравме на светско првенство за живи статуи во Холандија, меѓу огромна конкуренција од цел свет. Дел од овој фестивал беа 450 илјади луѓе, кои гласаа за нас. Секој од нас кога оди на натпревар во себе има чувство дека ќе победи. Си рековме работевме толку многу време и редно е да победиме. Нашиот акт беше најинтересен и најприроден. Нашата приказна беше двајца вљубени артисти кои лутаат низ светот и бараат подобар свет исполнет со морални вредности и измиен од суета, велат од „Театроск“