Фолк пејачката Стојне Николова утре вечер ќе ја промовира песната „После мене“, зад која како автори се запишани Бобан Мојсовски, задолжен за музиката и аранжманот и Љупчо Василевски, кој го напиша текстот. Песната е снимена во „ХЛ“ студио.
-Песната ќе ја промовирам заедно со спот во студиото на новата „Зона“ продукција. Песната е брза, летен хит и веќе на настапи ми ја бараат. Брзо влегува во уво. Станува збор за песна во која, секако, се зборува за љубовта. Станува збор за момче , кое не ми обрнувало внимание и јас сум го напуштила. Е сега, сака да ми се врати, но јас веќе сум со друг. Секојдневна љубовна приказна, вели Стојне.
По промоцијата Стојне заминува на кус одмор а потоа се враќа на редовните обрски на веќе одамна закажани настапи по клубовите низ државата. Освен тоа таа подготвува и свое шоу на интернационалниот фестивал „Пирин фолк“, кој ќе се одржи во септември во Сандански, Бугарија.