Тарана со колбаси, грашок и пченка
Потребно е: 500грама тарана, 2-3 колбаси, 300 грама грашок, 300 грама пченка, малку масло, црвена сол, 2 лажички зачин, бибер, сол, вода.
Подготовка: Ставете во тава малку масло и во него сипете ја тараната. Пржете ја додавајќи вода. Пржете ја и мешајте десетина минути. Потоа додадете го колбасот исечена на тенки кругови и мешајте уште пет минути. Потоа додадете го грашокот, пченката, зачините и се измешајте. Ставете вода да ја покрие тараната и уште малку повеќе. Варете додека тараната не омекне за да не ви крцка во заби. Повремено мешајте. Варете ја околу 15тина минути.
Извор и фото: kuvajmo-blogovski.com