Татјана Лазаревска и „Маестрал“ на турнеја во Америка

Фолк пејачката Татјана Лазаревска, групата „Маестрал“ и Андреј Илиоски в среда заминуваат на турнеја низ Америка. Турнејата почнува од 23 август, трае  до девети  септември, во која се предвидени пет концерти. Првиот ќе се случи веднаш по пристиганњето, на 24 кога ќе се одржи македонска вечер во Чикаго. Потоа на 31 август, први и втори септември ќе настапат на Македонската конвенција во Чикаго и на осми септември ќе настапат на 50 годишнината од постоењето на црквата „Св. Ѓорги“.  Освен тоа планирани се настапи и Њујорк и Детроит.

-Ќе бидеме на турнеја во Америка. Се работи за конвенција, односно собир на православните македонски цркви во Америка и Канада, оваа година ќе биде во Чикаго, во црквата Св. Кирил и Методиј, велат од „Маестрал“.

Татјана, пак, вели дека е пресреќна бидејки после 15 години настапува во Америка.

-Периодот е долг иако морам да признам дека имав многу понуди  и за турнеја и за новогодишна забава. Но, обврските ми се дуплираа и немаше можност. Многу се радувам бидејќи имам многу публика од таму, кои секојдневно ми пишуваат кога ќе се видиме во Америка. Е сега со задоволство можам да кажам дека доаѓам. Нека се подготват ќе биде многу весело. Ако 15 години сме чекале за забавата, сега мора да биде нешто екстра. Се радувам што ќе ги видам сите наши таму, особено Маријана и Злате Ѓоргоски, со кого се дружиме на три континенти, вели Татјана.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена