Тања Турунџиева советува: Здравјето се чува секој ден-Сливи
Сливите се округло-овални плодови кои при крајот на созревањето испуштаат преубав, превкусен сок во облик на смола. Штом стасаат во таа фаза треба да се наберат и да не се дозволи да паднат.
Тие потекнуваат од блискиот Исток и од земјите на јужна Европа. Многу брзо се имаат одомаќинето и во средна Европа, каде што се преплавени овоштарниците. Што повеќе останат на дрво тоа стануваат се побогати со витамини.
![](https://7dena.mk/wp-content/uploads/2018/08/sliviii.jpg)
Сливите се богати со витамин Б 12 и биотин, како што и ги содржи сите Б витамини. Може да се каже дека една слива е како едно апче на Б витамин, од природно потекло. Клучот е во комбинацијата: изолираните Б витамини се помалку ефикасни. Но, дури кога ќе се здружат нивната функција во метаболизмот е “ експлозија”. Сливите се најдобар стимулатор за промена на јаглено хидратите , за подобри нерви, за ментална свежина, отпорност при стрес. Сливите содржат и елементи во трагови како што се бакар и цинк. Вишок на бакар предизвикува нервен немир, раздразливост и депресија. Во тој случај многу помагаат сливите кои ја воспоставуваат рамнотежата. Многу е значаен процентот на незаситените масни киселини, кои го спречуваат сушењето на клеточната мембрана и го блокираат продирањето на бактериите.
Мора да се внимава на коските од сливите, бидејки содржат супстанции кои ослободуваат цијановодична киселина. Затоа мораат да се вадат при конзумирање на самите. Никогаш да не се консумираат!
Силите не се препорачуваат во големи количини кај бремените жени, токму заради присуството на бакарот.
Сливите помагаат при психички немирии при потешкотии со концентрацијата. Не прават да сме поотпорни на стрес, ја зајакнуваат штитната жлезда, ги чистат цревата и помагаат при опстипација, го зајакнуваат срцето и имунитетот. Одлично делуваат како заштитник на дебелото црево од карцином.
Сливите се многу корисно овошје кое помага за намалување на вишокот на килиграми, така што лодовите ја одвојуваат водата од организмот ( луѓето со вишок килограми имаат поголемо количество на задржана течност во организмот). Сливите ги врзуваат вишокот масни супстанции во цревата, така да не можат повеќе тие да допрат до масните наслаги на стомакот, колковите и бутините. Сливите исто така го спречуваат претварањето на јагленохидратите во триглицериди кои дебелеат.