Тортиљи со кулен
Потребно е: 8 тортиљи, 100 грама мајонез, 150 грама кулен, 200 грама кашкавал, 150 грама шунка, 150 грама маринирани печурки.
Подготовка: Тортиљите премачкајте ги со мајонез и четвртина од сецканиот кулен, кашкавал, шунка и печурки и поклопете ги со друга тортиља. Повторете ја постапката со остатокот од материјалот. Тостирајте ги по неколку минути во тава од двете страни и потоа исецкајте ги на четири дела.
Извор: zena.blic.rs