Заврши фолк вечерта од Интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест“ . Победник од публиката е Милован Секуловски со песната „Спомен љубовен“, а од жирито Лија со „Откако те нема“. Второто место од публиката и припадна на Благица Павловска за „Авионот ни полетува“, додека од жирито на им припадна на „Соната“ за песната „Бегај солзо“. Третата награда од жирито замина во рацете на Кате и „Нели ти реков“ за „На љубовта и треба“, додека од публиката на Мерима Његомир за „Подај само рака“.
Оваа вечер беа доделени и авторските награди. Наградата за аранжман им припадна на „Скопски боеми“ за песната „Музичарска“, наградата за текст ја доби Зоран Марковски за песната „Коцкар“, за најдобар дебитант е прогласен Методија Толевски, за најдобра интерпретација прогласени се „Молика оне“, за сценски настап наградата ја добија Раде и Руса, додека за најслушана песна меѓу двата фестивала прогласена е „Марика“, што минатата година ја исполни Нино Величковски.